Играчот за врска на Валенсија, Жофри Кондогбија е пред трансфер во Атлетико Мадрид, тврат шпанските медуми.
„Кадена Сер“ открива дека Атлетико во 27-годишниот Французин гледа идеална замена за Томас Парти, кој во последниот ден од трансфер пазарот се пресели во Арсенал.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Бидејќи клаузулата на Парти беше платена само еден час пред истекот на трансфер пазарот, според правилата на Ла Лига, Атлетико доби дозвола да реализира еден трансфер во рок од 30 дена.
Кондогбија запиша 5 меча за Валенсија оваа сезона, но од Ла Лига го одобруваат трансферот, а „лилјаците“ за неговата слобода бараат 25 милиони евра.