Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми.
Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Договорот на Аргентинецот устекува следното лето, па „бјанконерите“ сметаат дека ова е последна шанса да заработат на неговиот трансфер.
Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за Дибала покажува Атлетико Мадрид и „јорганџиите“ веќе почнале да работат на трансферот.
Симеоне е голем симпатизер на играта на Дибала и веќе имал разговор со него, па смета дека ќе биде идеален партнер за Суарез во нападот.
Атлетико наскоро ќе започне преговори со Јувентус, кој е спремен да го продаде Аргентинецот за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.