Атлетико Мадрид денес и официјално го претстави најскапото засилување во својата историја, Жоао Феликс.
19-годишниот Португалец пристигна од Бенфика за 126 милиони евра и треба да биде наследник на Гризман во тимот на Симеоне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што ќе бидам дел од проектот и историјата на овој клуб. Му благодарам на претседателот и на моето семејство, без нив немаше да бидам тука. Ќе дадам се од себе си за овој клуб. Симеоне и соиграчите ме пречекаа на најдобар можен начин. Што се однесува до мојата цена, на тоа не обрнувам внимание, цените ги диктира пазарот“, изјави Феликс.
„Зборував со Роналдо кога бевме во репрезентацијата и му кажа се најдобро за Мадрид. Меѓутоа јас не сакам споредби со него, тој е голем фудбалер, а јас сакам да пишувам своја сопствена историја. Кристиано си е Кристиано, јас сум Жоао Феликс“, заклучи младиот Португалец.
„Јас наследник на Гризман? Сакам да се дистаницурам од притисокот и етикетите. Тука сум да си ја вршам работата која ќе ми ја зададе тренерот и да му помогнам на тимот најдобро што можам“, истакна Феликс.
?⚪? #WelcomeJoãoFélix
? @joaofelix70: "I've come here to write my own history."#AúpaAtleti #PureTalent pic.twitter.com/TJTbHs35SJ— Atlético de Madrid (@atletienglish) July 8, 2019