Дома Фудбал Атлетико го плати 126 милиони евра, а Феликс без гол е осум месеци

Атлетико го плати 126 милиони евра, а Феликс без гол е осум месеци

Жоао Феликс во Атлетико Мадрид дојде како големо засилување и со епитетот еден од најголемите светски таленти. За него „јорганџиите“ платија сума од 126 милиони евра.

И покрај големата сума платена за него во последно време Феликс нема некој голем ефект на теренот. Имено, Португалецот цели осум месеци е без гол. Во тој период имаше и пауза поради повреда на скочниот злоб, но во последно време е во првиот тим и има минутажа, но голови нема.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Последен пат Феликс постигна гола против Виљареал на 28. Февруари и од тогаш одиграл 19 натпревари и на теренот помина вкупно 940 минути. Со сумата од 126 милиони евра тој е четврт најскап фудбалер во светот, па поради тоа со право се поставува прашањето дали Атлетико го прецени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moжен спектакл на Мундијалот: Познато како и кога може да видиме битка на Роналдо и Меси!

Како што е познато, вчера се одржа жрепката за Светското првенство 2026 година, а една од …