Дома Трансфер зона Атлетико го купува најдобриот стрелец во Примера

Атлетико го купува најдобриот стрелец во Примера

Атлетико Мадрид се раздели со Алваро Мората и Мемфис Депај, па приоритет за „јорганџите“ ова лето е засилување на нападот.

Последните информации се дека „јорганџиите“ го договориле трансферот на најдобриот стрелец во Примера од минатата сезона, Артем Довбик.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Украинецот Артем Довбик, кој постигна 24 гола за Џорона веќе ги има договорено личните услови со Атлетико Мадрид.

Двата клуба се во напредни преговори и се очекува трансферот да биде комплетиран наскоро за 40 милиони евра.

Покрај Довбик, Атлетико наводно е многу блиску до реализација на уште еден трансфер. Станува збор за стоперот на шпанската репрезентација и Реал Сосиедад, Робин ле Норман, за кого ќе издвојат меѓу 25 и 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…