Дома Трансфер зона „АС“: Реал Мадрид до крајот на месецот доведува напаѓач од 110 милиони евра?!

„АС“: Реал Мадрид до крајот на месецот доведува напаѓач од 110 милиони евра?!

perez

Се очекуваше Реал Мадрид да доведе големо засилување после заминувањето на Кристиано Роналдо, но вистинска реакција (доведување на голема ѕвезда) изостана.

Со заминувањето на Роналдо, Реал Мадрид остана со Карим Бензема како класичен напаѓач, а потоа во Мадрид од Лион беше вратен Мариано Диаз.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Диаз ја доби „седмицата“ на Роналдо, секако дека никој не очекува во целост да го замени Роналдо, но потфрли и во она што се очекуваше од него. После првиот дел од сезоната стана јасно дека на Реал му недостасува напаѓач кој ќе ги надополни головите на Роналдо.

Како што пишува шпански „АС“, Флорентино Перез ќе се обиде во јануари да го доведе Мауро Икарди од Реал Мадрид. Аргентинецот и неговата сопруга веќе подолго време водат преговори за нов договор, но до продолжувањето на договорот кој истекува во 2021 година не дојде.

Иако не е познато колку Интер би барал за Икарди во неговиот договор има откупна клазула од 110 милиони евра. Реал ќе се обиде да ја намали цената, но ако се соочи со проблем наводно се спремни и да ја платат клазулата.

Икарди во Интер пристигна во 2013 година од Сампдорија за 13 милиони евра и во 204 настапи за „нероаѕурите“ постигна 120 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …