Дома Фудбал „АС“ го избра Барди во Топ 5 трансфери во Примера!

„АС“ го избра Барди во Топ 5 трансфери во Примера!

Угледниот шпански весник „АС“ денес ги избра најдобрите пет трансфери во Примера за оваа сезона, а меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Леванте минатото лето за сума од 1,5 милиони евра го купи Барди од унгарски Ујпешт и тоа се покажа како полн погодок.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Македонскиот репрезентативец одигра одлична сезона, а особено се истакна на мечот против Барселона кога постигна два прекрасни гола. Вкупно постигна 9 погодоци на 25 меча во Примера.

Моменталната вредност на Енис Барди на фудбалскиот пазар изнесува најмалку 10,5 милиони евра, па ова е уште едно признание за добрите игри на мекедонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал има сериозни здравствени проблеми

Ламин Јамал има сериозни здравствени проблеми кои би можеле да влијаат на неговата кариера…