Филипе Кутињо во јануари направи изненадувачки трансфер од Барселона во Астон Вила.
Бразилецот не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ и се врати во Премиер лигата, каде ќе го носи дресот на Астон Вила на позајмица со крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кутињо одлично ја започна авантурата во Астон Вила бидејќи успеа да постигне два гола и да забележи две асистенции на три натпревари и ги воодушеви навивачите на англискиот клуб со своите игри.
Во летниот преоден рок, Астон Вила ќе има предност пред останатите клубови, доколку сака дојде да го откупи Кутињо за кого Барселона бара 40 милиони евра.
Англиските медиуми пренесуваат дека Астон Вила сака веднаш да го откупи Бразилецот и веќе испратила понуда од 30 милиони евра до Барселона.
🚨 Aston Villa want to sign Philippe Coutinho on a permanent deal but will try to negotiate the obligation to buy fee down from €40M this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 11, 2022
(Source: @sport) pic.twitter.com/PM5D5qHxAf