Дома Трансфер зона Астон Вила одредила цена за Грилиш – 150 милиони евра!?

Астон Вила одредила цена за Грилиш – 150 милиони евра!?

Се поголеми се шансите најдобриот фудбалер на Астон Вила Џек Грилиш и наредната сезона да игра на „Вила Парк“ затоаш то клубот од Бирмингем бара нереално висока оштета за својата најголема ѕвезда.

Трансферот на Грилиш се најавуваше како најголем ова лето во Англија. Веќе беше виден во Манчестер Јунајтед, иако и градскиот ривал на „ѓаволите“ Сити покажуваше интерес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа фудбалерот кој постигна седум голови и запиша 12 асистенции за Вила колку и да е добар, навистина е прескап. Медиумите пишуваат дека Астон Вила за неговите услуги бара сума над 100 милиони фунти, се споменува и цифра од 130 милиони фунти (150 милиони евра).

Од „Олд Трафрд“ се шпекулира дека се спремни да понудат 100, сега дали ова е почеток на некакви трансфер надмудрувања останува да покаже наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…