Дома Трансфер зона Асенсио го загуби трпението – го напушта Реал на лето

Асенсио го загуби трпението – го напушта Реал на лето

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио го загубил трпението и на крајот на сезоната сака да ја промени средината, пренесуваат шпанските медиуми.

Асенсио има само еден старт оваа сезона, а непостојаната форма се должи токму на неговата слаба минутажа.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Промената на тренерот не го промени статусот на Асенсио, па тој навестил заминување на од Реал Мадрид на крајот на сезоната, иако има договор со „кралевите“ до 2023 година.

Најсилен интерес за 22-годишниот Шпанец во моментов покажува Ливерпул, но сигурно уште многу европски гиганти ќе се вклучат во траката за неговиот потпис.

Сепак, Реал Мадрид нема така лесно да се откаже од својот „бисер“ и за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра.

Досега, Асенсио има 23 гола и 13 асистенции на 109 натпревари за Реал во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека се разделува со Жоао Феликс, К…