Фудбалерот на Јувентус, Квадво Асамоа денес ги помина медицинските прегледи и во наредните денови ќе стави потпис на договорот со Интер.
Асамоа како слободен агент ќе го напушти италијанскиот шампион и кариерата ќе ја продолжи во редовите на големиот ривал од Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ганецот денес ги помина лекарските прегледи, а следната недела ќе стави потпис на тригодишен договор „тежок“ 3 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Асамоа шест години е член на „старата дама“ и во сабота ќе го одигра својот последен натпревар, а после прославата на Скудетото и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Интер.
Асамоа ќе биде третото засилување на „нероаѕурите“ за следната сезона после Лаутаро Мартинез и Стефан де Вриј.