Дома Топ вести Арјан Адеми е голем човек: Со одбивање на милионска понуда му се заблагодари на Динамо!

Арјан Адеми е голем човек: Со одбивање на милионска понуда му се заблагодари на Динамо!

Македонскиот фудбалер кој е капитен на Динамо Загреб, Арјан Адеми одби милинска понуда од Саудиска Арабија, а сега „Спортске Новости“ објави зошто го направил тоа.

Најстариот клуб во Саудиска Арабија, Ал Итихад кој од клупата е предводен од Хрватот Славен Билиќ сакаше да го види Адеми во своите редови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Понудата изнесувала седум милиони евра на сметката на Динамо и уште толку за договор од три години на Адеми, но македонскиот фудбалер одлучил да остане во Динамо каде што ќе игра во европ на пролет во осминафиналето во Лигата на Европа.

Зошто одлучил да ги одбие милионите на клубот од Саудиска Арабија?

Имено, споменатиот медиум потенцира дека Адеми тоа го направил со цел да покаже благодарност кон клубот кој не се откажа од него во најтешките моменти. Адеми поради допинг беше суспендиран во 2015 година и не можеше да игра фудбал цели две години (од четири казната беше намалена на две). Тогаш Динамо не само што го поддржуваше Адеми, туку во тие две години редовно му исплаќаше плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…