Бразилецот Артур Мело сигурно има година за заборав, а изгледа дека лоши работи не престануваат да му се случуваат.
Артур ќе биде нов играч на Јувентус. Бразилецот се противеше на овој трансфер, меѓутоа притискаше за да го добие Пјаниќ и на крајот се реализираше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По потврдата за трансферот за Барселона не одигра ниту секуна, а се ескалираше кога одби да се врати од одморот пред припремите за Лигата на шампионите и во Барселона допатува минатата недела
Сега шпанските медиуми пишуваат за негов нов скандал.
Како што пренесува „АС“ играчот за врска учествувал во собраќајна несреќа во која за среќа немало повредени. Станувало збор за мала собраќајна незгода, па Артур се обидел да си замине пред полицијата да пристигне, но не успеал.
Кога пристигнала полицијата и направила тестови било утврдено дека Артур возел под дејство на алкохол.
На овој начин Арутр уште сега почна да му прави проблеми на Јувентус и не е исклучена можноста да добие казна.