Дома Фудбал Артур не сака да ја доигра сезоната во Барселона

Артур не сака да ја доигра сезоната во Барселона

Бразилскиот играч за врска на Барселона, Артур Мело вчера ги помина лекарските прегледи во Торини и стави потпис на договорот со Јувентус.

Според договорот Артур треба да ја заврши сезоната во Барселона, а потоа и официјално ќе биде претставен како нов играч на „старата дама“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Меѓутоа, каталонските медиуми пренесуваат дека 23-годишниот плејмејкер не сака да ја доигра сезоната во Барселона бидејќи е разочаран од односот на клубот и тренерот Сетиен кон него.

Артур ќе се пресели во Јувентус како дел од трампата со Миралем Пјаниќ, а „бјанконерите“ за неговиот потпис ќе доплатат уште 10 милиони евра.

Бразилецот нема да има можност да настапува за Јувентус во Лигата на шампиони во август, но според последните информации не сака да ја доигра сезоната за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата победа на Арсенал предизвика жестока расправија: Анти-фудбал? Навистина ве изненадува тоа?

Арсенал направи можеби клучен чекор во борба за титулата во Премиер лигата. Минималната по…