Бразилскиот плејмејкер на Барселона, Артур Мело прифати да започне преговори со Јувентус и така да се комплетира трампата помеѓу двата клуба.
Барселона и Јувентус веќе неколку недели преговараат за трампа Пјаниќ – Артур. Босанецот веќе има договор со Каталонците, но Бразилецот не сакаше да си замине од „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека Артур конечно започнал преговори со „старата дама“ и е отворен за преселба во Италија, што е чекор напред во реализација на трампата.
„Тутоспорт“ тврди дека сега конечно може да се вклопи последната коцна во мозаикот и да биде комплетирана трампата – Пјаниќ во Барселона, Артур во Јувентус.
Тренерот на Барселона, Кике Сетиен во разговор со „БиИн Спортс“ беше без коментар за иднината на Артур, што дополнително ги засили шпекулациите.