Дома Трансфер зона Артета носи засилување од Барселона

Артета носи засилување од Барселона

Играчот за врска на Барселона, Рафиња Алкантара би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Рафиња оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Селта и на лето ќе се врати на „Камп Ноу“, но јасно е дека за него нема место во Барселона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Неговиот договор истекува за една година, па Барселона од неговата продажба сака да заработи 15 милиони евра.

Најсилен интерес за Рафиња покажува Арсенал, тренерот Артета бара засилувања за средниот ред и верува дека Бразилецот идеално би се вклопил во неговата филозофија.

Арсенал ќе треба да ја победи конкуренцијата од неколку италијански клубови, но медиумите тврдат дека „топџиите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…