Дома Трансфер зона Милан во јануари на „шопинг“ во Барселона

Милан во јануари на „шопинг“ во Барселона

Италијанскиот гигант Милан лошо ја отвори сезоната и после седум кола беше принуден да го промени тренерот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За нов кормилар беше назначен Стефано Пиоли, но раководството знае дека треба додатно да го засили тимот во јануари.

Приоритет ќе биде доведување на креативен играч за врска, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ ќе тргнат по играчот на Барселона, Рафиња Алкантара.

26-годишниот плејмејкер се врати од повредата, но не може да се избори за голема минутажа, па е спремен да ја промени средината во јануари.

Притоа, Рафиња веќе има искуство во Серија А бидејќи играше како позајмен фудбалер во Интер и би сакал да се врати во Милано.

„Росонерите“ ќе се обидат да го донесат Рафиња во јануари на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…