Дома Фудбал Англија Артета нема намера да си замине од Арсенал

Артета нема намера да си замине од Арсенал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека ќе ја докаже својата позиција после испаѓањето од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Арсенал вчера го заврши учеството во Лигата Европа откако одигра 0:0 против Виљареал. Лондонскиот клуб постигнува слаби резултати и би можел првпат после 26 години да остане без учество во европските натпревари, во овој моменти тие се деветти на табелата во Премиер лигата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Се шпекулира дека Артета би можел да го напушти клубот, а на прашањето дали смета дека тој е вистинскиот да биде тренер на Арсенал Артета одговори: Да не е така, не би седел тука.

„Не се работи за зборови, тоа треба да го покажеме на теренот. Секогаш сме под притисок биејќи сакам да дадам се од себе за екипата, за поддршката која ја имам и навивачите. Ова е разочарување бидејќи се обидувавме да се пласираме во финале. Мислам дека сечија работа е под лупа“, изјави Артета.

Со оваа изјава Артета практично потврди дека нема намера да си поднесе оставка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…