Стратегот на Арсенал Микел Артета потврди дека клубот ќе работи на засилувања во летниот преоден рок.
„Топџиите“ се во добра позиција во борбата за четвртото место и после неколку години пауза конечно би можеле да ги гледаме во најелитното европско натпреварување. Ако се изборат за пласман во ЛШ, Арсенал ќе биде активен на трансфер пазарот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сега е моментот кога треба да го подигнеме нашиот квалитет. Потребен ни е гол-играч, тоа ќе биде наш приоритет. Секој успешен тим треба да има играч кој во секој момент може да биде опасност за противничкиот гол“, изјави Артета.
Во овој момент Арсенал се наоѓа на шестата позиција на табелата во Премиер лигата со 45 освоени поени, но со три натпревари во однос на конкурентите Манчестер Јунајтед и Вест Хем кои имаат по 47, односно 45 бодови.