Приоритет на Арсенал во овој момент е да го задржи Мартин Одегард во своите редови и после истекот на позајмицата.
Тоа сигурно ќе биде тешко затоа што Реал Мадрид ќе бара голема оштета, а во случај ако не успеат во намерата да го задржат Норвежанецот „топџиите“ веќе пронашле нова мета.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што пренесува новинарот на „Билд“ Кристијан Флик, фудбалерот на Борусија Дортмунд Џулијан Брант се наоѓа на радарот на Арсенал.
Не е ова првпат Брант да се поврзува со Арсенал, Германецот беше желба на англиската екипа и во јануари, но тогаш Одегард пристигна на позајмица.
Според „Трансфермаркт“ Брант е проценет на 25 милиони евра, но сигурно дека Арсенал ќе треба да плати повеќе ако сака да го доведе.