Дома Фудбал Англија Артета задоволен: Играме се подобро!

Артета задоволен: Играме се подобро!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е задоволен со досегашниот дел од сезоната, а го заврши првиот дел од сезоната со победа од 2-0 против Вулверхемптон.

„Топчиите“ во моментов имаат пет бодови предност во однос на актуелниот шампион Манчестер сити, а тренерот Артета вели дека неговиот тим станува сè подобар секој ден.

„Благодарност до навивачите за поддршката. Нивната енергија ми помогна да го трансформираме тимот. Покажавме зрелост и им посакувам сè најдобро на момците на Мундијалот, додека со тие што нема да играат во Катар ќе работиме и ќе бидеме подготвени за вториот дел од сезоната“, кажа Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити подготвува понуда за Енцо Фернандес

Њукасл и Манчестер Сити постигнаа усмен договор за трансферот на Нико Гонсалес, кој ќе се …