Tренерот на Арсенал Микел Артета истакна дека му е болно да ги следи европските натпревари кога во нив го нема Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арсенал неколку години наназад игра лошо. Далеку се од екипата која беше страв и трепет, а оваа сезона не успеаа да се пласираат и во Европа.
„Боли кога ќе вклучам ТВ и ќе ги видам сите тие тимови, а таму го нема Арсенал. Навистина е болно. Не сакам да седам дома и го гледам Арсенал надвор од европските натпреварувања“, изјави Артета.
Лондонскиот тим и оваа сезона ја започна лошо. Победија само на еден од четирите натпревари на стартот од Премиер лигата. Очекувањата на навивачите секако беа далеку поголеми.