Фудбалерите на Арсенал беа елиминирани од Лигата на шампионите, бидејќи во четвртфиналето од ова натпреварување беа поразени од Баерн.
Тренерот на „топчиите“ Микел Артета истакна дека на неговиот тим му недостасувало малку повеќе искуство во најелитното европско натпреварување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Овој клуб не играше во Лигата на шампионите во изминатите седум сезони. Толку многу сакавме да стигнеме до полуфиналето или финалето веќе оваа година, но видовме дека на другите често им требаат шест или седум годин играње во ЛШ за да постигнат таков успех“, изјави Артета и додаде:
„Бевме многу блиску – тоа е реалноста. Ќе мора да се справиме со болката вечерва и утре да станеме и да продолжиме да играме со истиот став“.
Решавачкиот гол го постигна Џошуа Кимих во 63. минута, а избраниците на Тухел се пласираа со вкупни 3:2.