Дома Фудбал Англија Арсен Венгер и Фергусон први примени во „Куќата на славните“ во Премиер лигата

Арсен Венгер и Фергусон први примени во „Куќата на славните“ во Премиер лигата

Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер од денес се и официјално во „Ќуќата на славните“ на Премиер лигата.

Од нејзиното основање во 1992 година заедно освоија 16 од можни 30 трофеи, Сер Алекс 13 и Венгер три. Тешко дека ќе се појави тандем кој толку многу ќе ја унапреди Премиер лигата, двајцата во своите клубови поминаа повеќе од две децении.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Токму затоа воопшто не е изненадување славните тренери да бидат први примени во „Куќатан а славнитез“. Во текот на 90-тите тие го развија едно од најголемите ривалства во Премиер лигата кое траеше се до 2013 година кога Фергусон одлучи да се повлече.

Венгер го водеше Арсенал до 2018 година и си замина после 22 сезони во Лондон и од тогаш не се занимава со тренерска работа.

Секако дека наскоро и нвои тренери ќе добијат место тука се: Жозе Мурињо, Пеп Гвардиоал, Јирген Клоп…Но, со сета почит кон сите, засега нема некој кој е блиску да остави таков печат во англискиот фудбал како Ферги и Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нови детали: Таткото на Џака откри за што неговиот син разговарал со водачот на навивачите (Видео)

Капитенот на репрезентацијата на Швајцарија, Гранит Џака, беше дочекан со „на нож“ во Приш…