Дома Трансфер зона Арсенал ја сака ѕвездата на Рома

Арсенал ја сака ѕвездата на Рома

Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Рома и англиски репрезентативец, Тами Абрахам.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Абрахам  направи вистински потег со трансферот во Рома каде се промовираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.

Минатата сезона тој во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. 

Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо, а таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал.

Арсенал наводно е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, што е 20 милиони повеќе од сумата која Рома ја плати за да го доведе на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…