Останаа уште два дена од преодниот рок, па поради тоа Арсенал Венгер нема повеќе што да чека и тргна во офанзива по потписот на Пјер Емерик Обамејанг.
Првата понуда на „топџиите“ од 56 милиони евра беше одбиена од страна на „милионерите“, притоа германскиот клуб порача дека нема да го пушти напаѓачот за помалку од 70 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новата понуда на Арсенал изнесува 68 милиони евра и така многу блиску до она што го бара Борусија. Германците треба да направат само мало отстапување и конечно да се реализира трансферот по двонеделните преговори.
Доколку се реализира трансферот Обамејанг ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал. Габонецот одамна ги договори своите услови, а тоа значи дека на „Емирати“ ќе заработува десет милиони евра по сезона, а ќе потпише договор до 2021 година.
Навивачите вчера го исвиркаа контроверзниот напаѓач и му порачаа дека може да замине, па медиумите тврдат дека трансферот ќе се реализира во наредните часови.
Pierre-Emerick Aubameyang will become an Arsenal player today. (Source: BILD) pic.twitter.com/XUWIQ3ZjJZ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 29, 2018