Дома Трансфер зона Арсенал ја најде замената за Обамејанг

Арсенал ја најде замената за Обамејанг

Арсенал е силно заинтересиран за 20-годишниот напаѓач на Гент, Џонатан Дејвид, пренесуваат англиските медиуми.

Се очекува на лето „топџиите“ да останат без својот најдобар голгетер, Обамејанг, па поради тоа се во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за Габонецот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Обамејант на лето ќе влезе во последната година од договорот и не сака да ја продолжи соработката бидејќи е спремен да ја промени средината и да игра во Лигата на шампиони.

Дејвид оваа сезона блеска во дресот на Гент и постигна 23 гола и запиша 10 асистенции на 39 меча, па го привлече вниманието на многу европски гиганти како Манчестер Јунајтед, Челзи, Милан, Арсенал и Тотенхем.

Сепак, Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер. Младиот Канаѓанец би можел да се пресели на „Емирати“ за сума од 30 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…