Дефанзивецот на Севиља, Жул Кунде е трансферна цел на неколку европски гиганти.
Манчестер Јунајтед веќе подолго време го следи Кунде, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Арсенал.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Кунде има договор со Севиља до 2024 година со откупна клаузула од 80 милиони евра, па сигурно нема да им биде лесно да стигнат до неговиот потпис.
Арсенал сака да го „украде“ играчот пред носот на Манчестер Јунајтед, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Артета го посочил Кунде како приоритет, па „топџиите“ се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.