Ѕвездата на Бока Јуниорс, Кристиан Павон е примарна трансфер цел на Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.
22-годишниот Павон, кој настапи на Светското првенство неодамна потпиша четиригодишен договор со Бока Јуниорс, во кој има откупна клаузула од 50 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Крилниот напаѓач постигна 8 гола и запиша 19 асистенции на 34 меча минатата сезона, а со тоа се наметна и во аргентинската репрезентација на Мундијалот каде настапи на сите четири меча.
За него постои интерес од многу европски гиганти, но Арсенал е најконкретен и е спремен во јануари да ја активира откупната клаузула.