Примарна трансфер цел на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Во текот на целиот зимскио преоден рок „топџиите“ се обидуваа да донесат нов напаѓач, но имаа неколку неуспешни обиди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Арсенал се ослободи од Обамејанг, а исто така и Лаказет ќе замине на крајот на сезоната, па Артета сака да доведе најмалку еден напаѓач.
Нова мета е Алваро Мората, кој игра во Јувентус како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид.
Јувентус после доаѓањето на Влаховиќ најверојатно нема да го откупи Шпанецот, па Арсенал спрема понуда од 50 милиони евра.
Атлетико е спремен да го продаде за таа сума, но „топџиите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата.