Дома Трансфер зона Арсенал спреми 70 милиони за ѕвездата на Леверкузен

Арсенал спреми 70 милиони за ѕвездата на Леверкузен

Арсенал спрема големо засилување во нападот во летниот преоден рок.

Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба е ѕвездата на Баер Леверкузен, Муса Диаби, кого Арсенал го сакаше и во зимскиот преоден рок.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


23-годишниот крилен напаѓач игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата.

Французинот во досегашниот дел од сезоната има 12 гола и 7 асистенции, но Леверкузен за неговата слобода бара 100 милиони евра.

Арсенал ја загуби битката за Мудрик, па сега ќе направи се за да го доведе Дијаби, а за неговиот потпис е спремен да плати 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…