Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец.
Прва мета е дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, кој со своите добри партии оваа сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој ова лето пристигна од Нант за 15 милиони евра и веднаш покажа класа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
27-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.
Одбраната е најслаба точка кај „топџиите“, а Артета смета дека Карлос би бил идеално засилување и дека ќе донесе стабилност во последната линија.
Севиља за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра, па се очекува наскоро Арсенал да ја испрати првата понуда.