Дома Топ вести Арсенал спрема јануарска „бомба“ од 60 милиони

Арсенал спрема јануарска „бомба“ од 60 милиони

Управата на Арсенал одлучна е во намерата дополнително да ги засили своите редови.

Третото место во Премиер лигата по осум одиграни кола е сосема задоволително, но резултатите би можело да бидат подобри обраната во одредени ситуации да функционираше подобро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фактот дека Арсенал до сега прими 11 гола го запали алармот на управата на клубот да бара засилување во одбраната, а последните информации кои доаѓаат од германските медиуми велат дека во белешката на тренерот Емери се наоѓа името Дајот Упамекано.

Станува збор за младиот репрезентативец на Франција кој го носи дресот на Лајпциг, а натпреварите кои ги игра за овој клуб го убедија Арсенал да се заинтересира и да го доведе на „Емирати“.

За многу талентираниот стопер, како што пишува весникот „Билд“, Арсенал е спремен да одвои 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…