Дома Трансфер зона Арсенал спрема јануарска „бомба“

Арсенал спрема јануарска „бомба“

Арсенал многу го засили тимот во летниот преоден рок и оваа сезона сигурно ќе биде еден од главните конкуренти за титулата во Премиер лигата.

Меѓутоа, тренерот Артета сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок и се очекува да испрати понуда од 60 милиони евра за Мартин Зубименди од Реал Сосиедад

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Арсенал сака да создаде моќен среден ред со Деклан Рајс и Зубименди, кои би биле од големо значење и за иднината на тимот.

Зубименди е голема желба на Барселона и Манчестер Јунајтед, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и работи на трансферот.

Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но англиските медиуми пишуваат дека понудата од 60 милиони тешко ќе можат да ја одбијат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…