Пред неколку дена англиските медиуми пишуваа дека е само прашање на време кога Евертон ќе испрати понуда вредна 35 милиони евра за играчот на Барселона, Малком.
Евертон не успеа во јануарскиот преоден рок да го донесе играчот на Барселона, кој сакаше да остане и да избори место во екипата, но во тоа не успеа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Малком одигра вкупно 24 натпревари минатата сезона, а во шпанското првенство на само шест натпревари заигра од првата минута.
Иако Евертон сака да го донесе Малком, сега може да добие конкурент со оглед на тоа дека и Арсенал сака да се вклучи во борбата за играчот на Барселона.
Унаи Емери наводо го гледа Бразилецот како алтернатива за Вилфред Заха, кој беше мета број еден на Топџиите ова лето.
Понудата на Арсенал вредна 40 милиони фунти е експресно одбиена, а со оглед дека Кристал Палас сака да добие 70 милиони фунти за 26-годишниот играч, Емери мора да бара други опции.
The Sun say #Arsenal are trying to persuade Malcom to delay a move to Eveeton while they negotiate with Barcelona. Emery has all but given up on signing Zaha. Arsenal will struggle to match Everton’s offer for Malcom so will try to persuade Barca to accept staggered payments. pic.twitter.com/ofsLDjIrzG
— Gurjit (@GurjitAFC) July 9, 2019