Приоритет на Арсенал во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за врска, а најголема желба на Артета е Јури Тилеманс.
25-годишниот Белгиец влезе во последната година од договорот и одбива да ја продолжи соработката со Лестер бидејќи сака промена на средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму тоа може да биде причината Лестер да ја прифати понудата на Арсенал бидејќи во спротивно ќе го загуби играчот без обештетување.
Последните информации од Островот се дека Арсенал се договорил со Белгиецот и доколку Лестер не го пушти во јануари, Тилеманс ќе пристигне на „Емирати“ на лето без обештетување.