Дома Фудбал Англија Арсенал подобар на гости кај Мидлзбро, Алавес славеше против Виљареал

Арсенал подобар на гости кај Мидлзбро, Алавес славеше против Виљареал

Арсенал го победи Мидлзбро, а Алавес славеше над Виљареал, во последните натпревари од 33.коло во Премиерлигата, односно 32.коло во шпанската Примера.

Арсенал не блескаше, но успеа да ги освои трите бода на гостувањето на „Риверсајд“ стадионот во Мидлзбро.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Алексис Санчез перфектно изведе слободен удар во 42.минута и го совлада Бред Гузан. Модлзбро израмни на почетокот на второто полувреме, во 50.минута Алваро Негредо постигна гол.

Конечниот резултат го постави Месут Езил во 71.минута, Германецот со прецизен удар ја заврши акцијата на Санчез и Рамзи.

Арсенал со втората победа на последните шест натпревари остана на шестата позција на табелата со 57 бодови. „Тобџиите“ заостануваат седум бодови и имаат натпревар помалку од Манчестер Сити кој се наоѓа на четвртото место.

Од друга страна Мидлзбро нема победа на последните 15 натпревари и дополнително си ја влоши состојбата во борбата за опстанок.

Во Примера, финалистот во Купот на Шпанија, Депортиво Алавес успеа да го совлада Виљареал со 2:1.

Домаќинот во последните пет минути од првото полувреме постигна два гола преку Ибаи Гомез и Елиа.

Виљареал доминираше во второто полувреме, но доминацијата ја круниса со само еден гол, стрелец беше Бакамбу во 73.минута. Истиот играч, во 93.минута имаше „мртва шанса“ но не успеа да го погоди голот на Пачеко.

Алавез ја прекина низата од три порази и успеа да се искачи на 11-та позиција на табелата, додека Виљареал загуби трет пат на последните пет мечеви и ја компромитира својата положба на табелата во борбата за пласман во Лига Европа. ж

Виљареал е на петтото место со 54 бодови, еден повеќе од Атлетик Билбао и два од Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…