Синоќа се комплетирани натпреварите од осминафиналето во англискиот Лига Куп.
Во оваа рунда имаше неколку натпревари кои беа реприза на лигашките дуели во ПЛ минатиот викенд, па така беше дуелот помеѓу Ливерпул и Арсенал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во понеделникот екипата на Јирген Клоп ги совлада Топџиите со 3:1 кои вечерва возвратија, но после изведување на пенали.
Двете екипи настапија со подмладени состави. Инаку, во англискиот Лига Куп не се играат продолженија, па после одиграни 90 минути се изведуваат пенали, а на крајот поуспешна беше екипата од Лондон со 5:4.
Во пенал серијата Ориги и малдиот Вилсон беа непрецизни за Црвените, додека за Топџиите единствено непрецизен беше Елнени што беше доволно тимот на Микел Артета да се пласира во четвртфиналето на ова натпреварување.
Интересно е што Арсенал во финалето на Комјунити Шилд оваа сезона исто така на пенали беше подобар од Ливерпул.