Дома Трансфер зона Арсенал и Јувентус се борат за ѕвездата на Лион

Арсенал и Јувентус се борат за ѕвездата на Лион

Француските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Арсенал водат голема битка за ѕвездата на Лион.

Станува збор за 22-годишниот Хусем Оуар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Оуар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.

Арсенал цело лето се обидуваше да го донесе Французинот на „Емирати“, но Лион не попушти и бара 60 милиони евра за неговиот потпис.

Оуар е главна трансфер цел на тренерот Артета, па „топџиите“ спремиле понуда од 50 милиони евра во јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…