Лондонските клубови Арсенал и Тотенхем во јануари ќе водат битка за потписот на Ентони Марсијал, пренесуваат медиумите на Островот.
Марсијал е во Јунајтед веќе шест години, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата и во моментов е во втор план кај Солскјер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот не е задоволен од својот статус и го известил раководството дека сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Јунајтед и за неговата слобода бара 40 милиони фунти, сума која Арсенал и Тотенхем се спремни да ја платат.
Двата клуба веќе стапиле во контакт со агентот на Французинот и наскоро спремаат понуди за неговиот потпис.
Марсијал преферира да остане во Премиер лигата, па останува да видиме каков ќе биде неговиот избор.