Дома Трансфер зона Арсенал истражува зошто за Пепе платиле 80 милиони евра

Арсенал истражува зошто за Пепе платиле 80 милиони евра

Арсенал започна интерна истрага за трансферот на Николас Пепе, пишува „ЕСПН“.

Лондонскиот клуб го доведе Пепе минатото лето од Лил за 80 милиони евра откако репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска не блескаше во сезоната во Франција.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Арсенал за Пепе плати 25 милиони евра и во следните пет години ќе треба да исплати уште 55 милиони евра од кои првата рата е ова лето. Пепе минатата сезона играше солидно и на 42 настапи постигна осум голови и запиша десет асистенции.

Иако Арсенал не жали што го доведе 25 годишниот фудбалер не е им е јасно зошто морале да платат толку голема сума.

Не е познато што точно Арсенал истражува, но не е исклучена можноста преголем дел од парите да отишле во провозии за менаџерите и скаутите. „ЕСПН“ се повика на свои извори кои во разговор со агенти на други клубови и играчи биле шокирани што Арсенал се согласил да плати толкава сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …