Дома Трансфер зона Арсенал испратил понуда за Милинковиќ-Савиќ

Арсенал испратил понуда за Милинковиќ-Савиќ

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал испратил понуда за ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

„Топџиите“ преку агентот на играчот испратиле понуда од 35 милиони фунти, а интерес за Србинот покажуваат уште Вест Хем и Њукасл од Премиер лигата.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Арсенал е во потрага по квалитетен играч за врска, а Артета верува дека СМС идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Меѓутоа, Лацио веднаш ја одбил понудата бидејќи бара поголема сума за слободата на 28-годишниот играч за врска.

Сепак, договорот на Милинковиќ-Савиќ истекува во 2024 година, па на лето Лацио ќе мора да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …