Хамес Родригез минатото лето се врати во Реал Мадрид, но не е во плановите на Зинедин Зидан, па „кралевите“ го ставија на трансфер листа.
Колумбиецот ова лето сигурно ќе ја промени средината, а интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа. Сега во траката за неговиот потпис се приклучи и Арсенал, бидејќи Хамес е голема желба на тренерот Артета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Топџиите“ наскоро ќе стапат во конакт со неговиот агент и ќе започнат преговори за трансфер на 28-годишниот офанзивен играч.
Самиот играч преферира преселба во Премиер лигата, каде покрај Арсенал интерес за него покажуваат уште Евертон и Вулверхемптон.
Меѓутоа, Арсенал во моментов е во пол-позиција за неговиот потпис, а трасферот би требало да изнесува помеѓу 35 и 40 милиони евра.