Во рамки на реванш натпреварите во Лига Европа, се одиграа последните неколку средби во терминот од 21:05.
Росонерите успеаа да слават минимално против Лудогорец со 1:0, а единствениот стрелец на мечот беше Борини во 21. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Топчиите“ запишаа пораз иако истиот повторно благодарение на добро одиграниот прв меч ги однесе во осминафиналето. Најпрво во само една минута Остерсундс создаде позитива од два погодоци, а потоа Колашинац намали на 1:2 со што го постави и конечниот резултат.
Дортмунд се извлече, па одигра реми кај Аталанта на гости. Италијаните го отворија резултатот, а гостите подоцна успеаа да изедначат.
Марсеј загуби кај Брага со 1:0, Атлетик Билбао загуби во последните моменти од Спартак Москва ос 1:2, а Салзбург славеше над Реал Сосиједад со 2:1 и обезбеди пласман во осминафиналето.