Дома Фудбал Англија Арнаутовиќ надвор од теренот месец дена

Арнаутовиќ надвор од теренот месец дена

Напаѓачот Марко Арнаутовиќ во наредните месец дена нема да биде на располагање на својот Вест Хем. Имено, Арнаутовиќ заработи незгодна повреда на задната ложа и нема да биде од помош на својот тим.

Арнаутовиќ се повреди на дуелот помеѓу Вeст Хем и Кардиф, кој заврши 3:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поради повредата теренот мораше да го напушти во 40. минута, а можно враќање се споменува 5. јануари следната година.

Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини ја потврди оваа информација и истакна дека за месец дена очекува да се врати во тимот.

Да потсетиме, Арнаутовиќ во Вест Хем стигна во 2017. година од Стоук, а во последно време се поврзува со италијанска Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Енцо Фернандес: Реал Мадрид? Нема ништо…

Иднината на Енцо Фернандес од Челси се предвидува како една од најголемите трансферни саги…