Eкипата на Академија Пандев денес го промовираше новото засилување, а тоа е Аргентинецот Федерико Акоста.




Станува збор за фудбалер кој има 26 години и игра на позицијата централен дефанзивец, во Струмица пристигнува со цел да ја зацврсти одбраната за новата сезона.




Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Во редовите на Академија Пандев тој пристигнува од италијанскиот нисколигаш Бавено, а во кариерата играше уште за Вила Далмине, Бока Гибралтар, Палмезе и Баргоманеро.




Академија Пандев после четири кола во ПМФЛ со четири бода се наоѓа на шестата позиција.