Дома Фудбал Арапски медиуми: Тренерот има проблеми со Бензема

Арапски медиуми: Тренерот има проблеми со Бензема

Францускиот напаѓач Карим Бензема летово пристигна од Реал Мадрид во Арапскиот Ал-Итихад, а неговата плата е 200 милиони евра.

Сепак, според арапскиот медиум Ашарк Ал-Авсат тој не одговара во стилот на игра на португалскиот тренер Нун Еспириту Санто.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Еспирито Санто наводно не сакал Бензема да дојде во клубот, но челниците инсистирале на тоа кога се отворила приликата да го доведат одличниот Французин.

Друга лоша околност е што Бензема сега мора да биде капитен бидејќи тој е најголемата ѕвезда на клубот.

Еспирито Санто наводно ја одбил таа директива од врвот на клубот и му ја дал капитенската лента на Бразилецот Ромарињо.

Наводно Французинот пред сите побарал од тренерот да му дозволи да биде капитен, но тој одбил.

На шесте натпревари кои ги одигра по пристигнувањето во Саудиска Арабија, Бензема постигна три гола и еднаш асистираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА потврди: Отворена е истрага против Демирал!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) потврди дека е отворена постапка против турскиот херој …