Дома Фудбал Италија Арапите го купуваат Милан следната недела, целта е освојување на ЛШ

Арапите го купуваат Милан следната недела, целта е освојување на ЛШ

Фондот Инвесткорп од Бахреин е во напредни преговори за купување на италијанскиот гигант Милан, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека продажбата ќе биде комплетирана до крајот на месецот.

Договорени се сите детали и договорот за продажба ќе биде потпишан на 29-ти април, а официјалното преземање на новите сопственици ќе биде на крајот на сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Парите не се проблем, државата Бахреин стои зад фондот, а „Газета дело спорт“ открива дека нивниот план е да го донесат Милан на врвот на Европа.

„Инвесткорп“ ќе плати 1,1 милијарди евра за купување на клубот и се спремни веднаш да инвестираат многу пари во засилувања и изградба на нов стадион.

Целта е да се изгради тим кој ќе може да доминира во Италија и Европа, а „Инвесткорп“ веќе има преддоговори со неколку големи компании за богати спонзорски договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…