„Романсата“ помеѓу Зинедин Зидан и Реал Мадрид ќе трае барем уште три години.
Само еден ден откако Реал објави дека клубот се договорил со Иско за нов договор на пет години во кој ќе има клазула од 700 милиони евра, „АС“ пренесува дека Флорентино Перез договорил продолжување на соработката и со човекот кој го предводи Реал Мадрид во големи успеси, Зинедин Зидан.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Може да се каже дека е апсолутно заслужено, со оглед на тоа дека за нешто повеќе од 20 месеци во клубот Зидан направи вистинско „чудо“! На „Сантијаго Бернабеу“ донесе шест големи трофеи (две во Лигата на шампионите, два Суперкупа на Европа, титула во Шпанија и титула на Светското клупско првенство) и со тоа веќе сега стана четврти тренер во пребогатата клупска историја по бројот на освоени трофеи.
Освен што новиот договор ќе има важност до 2020 година. Зидан доби и заслужено покачување на платата и Французинот сега ќе добива осум милиони евра годишно, што е скоро двојно повеќе од сегашните 4.3 милиони евра по сезона.
Покрај тоа на Зидан ќе му бидат дуплирани и досегашните бонуси за победите и освоените титули. На сето тоа Перез одлучил и да додаде посебна награда за Французинот во случај тој да го повтори успехот од претходната сезона, тоа значи да ја освои Примера и Лигата на шампионите.