Според информациите на „Дејли Мејл“, Карло Анчелоти ќе го тужи Евертон.
Италијанскиот стратег се одлучил да ги тужи „карамелите“ за кршење на работничките права. Спореот се води за бонус од два милиони фунти кој англискиот клуб е должен да го исплати на Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сегашниот тренер на Реал Мадрид го презема Евертон во декември 2019 година и го водеше клубот до 12-тата позиција во Премиер лигата.
Евертон во овој момент е во финансиска криза и клубот би можел да добие нови сопственици. Минатиот Месев Евертон подигна кредит за да ги покрие трошоците за изградба на новиот стадион.
Во изминатата сезона клубот се бореше за опстанок и успеа да остане во елитното англиско натпреварување, но ако не се решат проблемите би можеле да ги чека нова тешка сезона.